Една година од првото вградување вештачко срце на пациент во Македонија

Со одбележа една година од изведувањето на операција со вградување на вештачко срце на 47 годишниот Горан Спиров од Штип.

Револуционерната операција ја направи проф. д-р Александар Николиќ во приватната болница „Аџибадем Систина”, кој на пациентот му вгради механичко срце. Операцијата е успешна и тој сега може нормално да живее, па дури и да спортува.

За да вршат трансплантации на срце во иднина потребно е да се направат законски измени, побараа докторите од приватните болници кои велат дека се подготвени на такви зафати. Здравствените власти уште лани најавија можност за трансплантации на срце во приватните болници.

Вештачкото срце е со иста големина како и природното. Се полни со батерија која по излегување од болницата, пациентот сам си ја полни. За таа цел има опрема која тежи 6 килограми. Кардиохирургот Александар Николиќ вели дека треба да се направат законски измени во здравството со цел на приватните болници да им се овозможи да вршат трансплантација на срце.

Вештачкото срце е тренд во светската кардиохирургија со оглед на фактот дека тешко се стигнува до донатор. Гореспоменатата операција е прва од ваков вид во земјата, а втора во регионот по една иста таква во Белград. Во глобални рамки вакви операции има вкупно 1.800, па Македонија стана 25, земја во светот каде што се врши оваа комплицирана и тешка операција во кардиохирургијата.