Една година по појавата на првиот случај на коронавирус во Кина денес брои ситно

Во Кина има 12 нови случаи на коронавирус, сите увезени.

Кина пријавила 12 нови случаи на КОВИД-19, додека претходниот ден имало осум, соопштија денеска здравствените власти. Како што е наведено, сите нови случаи биле увезени.

Регистрирани се 10 нови асимптоматски случаи, што Кина не ги смета за потврдени, додека претходниот ден имало пет, пренесува Ројтерс. Вкупно 86.381 случаи на коронавирус се потврдени во Кина од почетокот на пандемијата, а починале 4.634 лица.