Eдна точка повлечена од документот меѓу Белград и Приштина

Телевизијата „Клан Косова“ објави дека во Вашингтон денес се очекува да биде потпишан економски договор меѓу Белград и Приштина, но без оспорената точка 10.

Дека темата за меѓусебно признавање нема да се најде меѓу страниците на договорот објави и српската телевизија РТС.

Во неа, според проценките на српската делегација, има реченица во која Србија ја признава независноста на Косово. Веста за потпишувањето на договорот ја објави ТВ репортерот на Клан преку социјалните мрежи, кој го следи разговорот на делегациите во Белата куќа. Тој исто така тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде присутен на потпишувањето на договорот.

Политичкиот аналитичар, Рамуш Тахири, за агенцијата Спутник го коментирал своето разбирање на спорната точка – 10:

„Таа точка не е специјално наменета за меѓусебно признавање. Во тој случај ќе беше на првото место. Според мое мислење, таа точка зборува само за признавање на националните малцинства и отворање канцеларии на обете страни, што еднаш годишно ќе дава извештаи за состојбата каква што е“, вели Тахири.