17 членови на персоналот за итна медицинска помош во Тетово завршија во изолација, бидејќи дел од пациентите кои побарале домашно лекување, криеле дека се позитивни.
– Во моментов седумнаесет лица од тимот се во изолација, од кои некои излегоа од изолација, а некои се уште во изолација. Најголемиот проблем што го имаме е што повеќето луѓе ги кријат симптомите дома и кога ќе пристигне брзата помош, веќе е доцна. Како амбуланта, во текот на 24 часа имаме приближно 30 интервенции, ако го споредиме ова, во последните три месеци имаме драстично зголемување на бројот. Значи, имаме многу повици, но имаме и многу злоупотреби од оние кои воопшто не кажуваат дека се позитивни, рече Миранда Пајазити, доктор за итни случаи, пренесува Алсат.мк
Главниот проблем на ургентниот центар во Тетово е што истиот треба да служи и за руралните општини затоа што тие немаат систем за итни случаи, поради што има доцнења на терен.
Целиот текст може да го прочитате на АЛСАТ