Една жртва и тројца повредени во тешка сообраќајна несреќа крај Охрид

Во саботата околу 14,30 часот во СВР Охрид пријавена е сообраќајна незгода случена на магистралниот пат Охрид- Кичево во близина на Свети Еразмо, информираат од СВР Охрид за Курир.

Во незгодата, едно лице го загубило животот, а три се повредени од кои две имаат телесни повреди, тие се префрлени во болницата „Свети Еразмо“.

Во незгодата учествувале три патнички и едно товарно моторно возило.