Тешка сообраќајна несреќа се случила во петокот попладенето во Преспа, во којашто според сѐ уште неофицијални информации загина жена, а уште три лица се хоспитализирани со тешки повреди.
Маж на возраст од околу 40 години и девојче на 10 години со повеќе повреди и во тешка состојба во моментото се на одделението за неурохирургија во Клиничката болница во Битола.
Поради исклучително тешката состојба и повредите со кои се здобиле овие две лице, во болницата се организира транспорт на поврдените на Клиниките во Скопје.
Поврдено е уште едно лице на возраст од 60 години, кое е хоспитализирано во Битолската болница.