Една жртва во налет на автомобил во тераса на бар во Париз

Засега неидентификуван возач на автомобил доцна вечерта во четвртокот влетал во терасата на еден бар на улицата „Софроа“ во Париз, при што едно лице загинало а уште шест други се повредени, објавија локалните медиуми.

Едно од настраданите лица било пренесено на оддел за интензивна нега и реанимација во една париска полиција. Според медиумите, станува збор за сопатник во автомобилот.

Како што пренесе телевизискиот канал BFMTV, возачот на автомобилот побегнал од местото на несреќата оставајќи го возилото, полицијата набрзо започнала голема операција на потрага во познатиот седумнаесетти арондисман на француската престолнина.

Според соговорниците на BFMTV, големата брзина би можела да биде причина за несреќата која се случила околу 23 часот по локално време. Неименуван полициски извор потврдил дека автомобилот се движел со голема брзина и веројатно ја загубил контролата, при избегнување судар со друго возило кое доаѓало на крстосницата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.