Една жртва во немирите во италијански затвори поради мерки за спречување на ширење на новиот коронавирус

Големи немири се регистрирани во четири италијански затвори поради мерки за спречување на ширењето на новиот коронавирус при  што еден затвореник го загуби животот, соопшти група за заштита на права на затвореници.

Затвореници во Неапол, Модена, Фросиноне и Александрија протестираат против мерките меѓу кои се и забрана за посети на лица од нивни семејства. Слични сцени се регистрирани и во затвори во Падова и во Бари, Фоџа и Палермо.

Според невладината група за права на затворениците, жртва е човек од затворот во Модена. Засега нема детали за причините за смртта на затвореникот.

– Имаме информации за високи тензии во затворите и она од што стравуваме е што тие може да завршат  со трагедии, наведуваат тие.

Во затворот во Модена според италијански медиуми, има двајца повредени затворски чувари и 20 вработени во персоналот треба да го напуштат затворот. Локалните медиуми јавија дека околу 80 затвореници се преместени во други затвори по немирите.