Една жртва и 18 повредени во експлозија на австриски терминал за природен гас

Полициски и спасувачки екипи се упатуваат кон големиот терминал за природен гас Баумгартен во источна Австрија, каде утринава била забележана силна експлозија.

Според германската новинска агенција ДПА, едно лице загинало во експлозијата, а 18 се повредени. Се’ уште не е позната причината за експлозијата.

Локалните медиуми и очевидци објавуваат фотографии од местото на настанот, каде се гледа висок столб од оган и чад како се дига над земјата.

Баумгартен е клучен терминал и центар за складирање на природен гас во овој дел на Европа. До терминалот се доставува руски природен гас преку гасоводи кои минуваат низ Украина, Белорусија и Словачка, а од Баумгартен се издвојуваат гасоводи кон Италија и Германија.