Една жртва во експлозија во романска фабрика за оружје

Жена загина во експлозија во фабрика за оружје, по која во тунелот каде се тестирало оружјето, избувнал и пожар.

Во тунелот во Куџир, во западниот дел на Романија, која експлодирала имало 19 лица и сите успеале да се спасат, освен 50-годишната жена, која, наводно, се вратила за да си ја земе чантата.

Портпаролот на службите за вонредни ситуации Тристан Фогараси изјави дека пожарникарите за два часа го угасиле пожарот.

Во оваа државна фабрика, во која се вработени 1.000 лица, се произведуваат многу модели на пиштоли и друго оружје.