Едно лице е повредено во експлозијата пред даночната управа на Данска

Едно лице е полесно повредено во експлозијата пред зградата на данската даночна управа во главниот град Копенхаген во вторникот вечерта, за која полицијата наведува дека станува збор за намерен напад, но дека е прерано да се зборува за одговорните за него.

Во експлозијата се скршени прозорците и стаклената врата и уништенае металната облога пред главниот влез во зградата во Нордавн, северно од центарот на градот. Полицијата го затвори пристапот до околните улици во средата утрото, а на персоналот му е кажано да се оддалечи.

„Некој намерно го има сторено ова. Не била несреќа. Му пристапивме на ова многу сериозно и уште синоќа покренавме широка и сеопфатна истрга. Не можеме и нема да прифатиме таков напад“, изјавил за медиумите главниот полициски инспектор Јорген Берген Сков. Додал дека сѐ уште не може да се каже кој е одговорен за експлозијата.

Даночната управа беше цел на експлозија пред 16 години што полицијата тогаш го опиша како „вандализам“, но двата настани не се слични и меѓусебно поврзани, истакнал Сков.

Данска има некои од најголемите даноци на светот со кој го поткрепува својот богат систем за социјална грижа. Анкетите покажуваат дека Данците главно ги плаќаат високите даноци.

Сериозни напади и насилства се реткост во оваа мала нордиска земја со 5,7 милиони жители, којашто се гордее со реномето што го има поради безбедноста и социјалната толеранција.

„Ова е нечуен и неприфатлив чин“, напиша данскиот министер за даноци, Морден Водсков, на својот профил на Twitter, откако добил увид во, како што вели, „големите оштетувања на зградата на даночната управа“.