Едно лице е убиено во Портланд во судирот на демонстрантите и приврзаниците на Трамп

Едно лице е убиено во Портланд кога конвој со приврзаниците на Доналд Трамп се судри со демонстрантите од движењето „Црните животи значат“. Застреланиот бел маж носел капче на крајнодесничарска организација од Портланд, која во минатото често се судираше со демонстрантите, кои протестираат против расизам и полициска бруталност веќе со месеци, од убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис.

Иако полицијата не потврди дека убиството е поврзано со протестите, „Њујорк тајмс“ цитираше двајца сведоци, кои кажаа дека мала група луѓе почнала караница со луѓето од едно возило, по што дошло до пукање.

„Политички марш поминуваше низ центарот на Портланд, кога се случи насилен инцидент помеѓу демонстрантите и контрадемонстрантите. Полицијата интервенираше и уапси неколку лица“, напиша полицијата на Твитер.

Овие хаотични сцени уследија два дена откако Трамп најави дека ќе стави крај на насилствата во Портланд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.