Едно лице почина, 53 нови случаи на ковид-19

Направени се 546 тестови, а регистрирани се 53 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа, соопшти Mинистерството за здравство.

Од новозаболените во Скопје се 22, Охрид – 5, Прилеп и Кавадарци по 4, Битола и Велес по 3, Тетово, Штип и Ресен по 2, Куманово, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка и Кратово – 1.

Од вкупниот број позитивни (53), регистрирани се 16 реинфекции. Регистрирани сe 103 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, регистрирано е едно починато лице од Скопје (82) во болнички услови на 10.09.2022.

Досега во земјата се дијагностицирани 342.519 лица, бројот на оздравени пациенти е 332.422, на починати е 9.527 а бројот на активни случаи изнесува 570. Во Скопје има 299 активни случаи.