Едно лице почина, а 21 се новозаболени од ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, едно лице починало од ковид-19, регистрирани се 21 нови случаи, а 14 лица се водат како оздравени.

Во последните 24 часа се направени 3.219 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на ковид-19 во
Скопје – 8, Тетово – 4,Куманово и Гостивар – по 3, Кавадарци, Кочани и Кичево – по едно лице.

Регистрирани сe 14 оздравени пациенти од: Тетово – 8, Скопје – 5 и Гостивар – 1.

Пријавено е 1 починато лице од Скопје (56) во болнички услови.

Направени се 3.219 тестови преку: ИЈЗ-128, ЦЈЗ Скопје-45, ЦЈЗ Битола-45, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–17, ЦЈЗ Куманово–25, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 7, ГОБ 8-ми Септември-14, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-73, Авицена-215, Биотек-114, Систина-88, лабораторија Лаор-209, Синлаб-19, Ремедика-7, Плодност–41, Генеа–10, Никоб лаб-532, ВФВ Медикал-10, Ели Медика-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.573.

Досега во земјата се направени вкупно 935.732 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.951, бројката на оздравени пациенти е 150.237, на починати е 5.488, а бројот на активни случаи изнесува 226.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 68.767, активни 87, Куманово 8.894, активни 16, Прилеп 8.328, активни 1, Тетово 7.343, активни 74, Битола 6.310, активни 2, Велес 5.474, активни 0, Гостивар 5.199, активни 16, Кавадарци 5.156, активни 1, Охрид 5.023, активни 4, Штип 4.963, активни 3, Струмица 4.126, активни 3, Струга 2.985, активни 4, Кочани 2.794, активни 2, Кичево 2.604, активни 7, Гевгелија 2.196, активни 1, Неготино 2.184, активни 0, Свети Николе 1.525, активни 1, Ресен 1.234, активни 0, Крива Паланка 1.227, активни 0, Радовиш 1.161, активни 0, Берово 1.032, активни 1, Делчево 973, активни 0, Дебар 945, активни 3, Виница 886, активни 0, Пробиштип 789, активни 0, Валандово 667, активни 0, Богданци 494, активни 0, Крушево 490, активни 0, Демир Хисар 400, активни 0, Демир Капија 396, активни 0, Кратово 377, активни 0, Македонски Брод 359, активни 0, Пехчево 269, активни 0, Македонска Каменица 249, активни 0 и Дојран 132, активни 0.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.