Едно лице почина, a две се повредени во несреќа кај клучката Стенковец

На 07.03.2023 во 18:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Северна обиколница на град Скопје, во насока од Куманово кон Тетово, во близина на клучката Стенковец, товарно возило удрило во Б.Џ.(31) од с.Романовце, кумановско, Ш.Е.(34) и Р.Е.(30), двајцата од с.Танушевци, скопско, кои биле до паркирано товарно возило „ман“ со кумановски регистарски ознаки, по што возилото го напуштило местото.

На местото на несреќата починал Р.Е., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Со телесни повреди се здобиле Б.Џ. и Ш.Е., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје.