Едно лице почина и 115 нови случаи на ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1665 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-34, Куманово-10, Штип-14, Прилеп-15, Тетово-3, Струга-13, Битола-4, Охрид-4, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Виница-3, Делчево-1, Свети Николе-2.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациент од: Скопје-64, Куманово-74, Дебар-28, Штип-30, Прилеп-5, Тетово-48, Струга-9, Битола-6, Охрид-3, Кавадарци-20, Гостивар-36, Гевгелија-1, Струмица-4, Крива Паланка-6, Радовиш-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-12, Неготино-1. Во болнички услови е починат пациент од Гостивар на возраст од 76 години. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.455,  бројката на оздравени пациенти е 11.525, на починати е 604, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.326“, наведено е во соопштението.

Направените 1.665 теста, се вели во соопштението, се преку: ИЈЗ-243, ЦЈЗ Скопје-1, Авицена-162,  Биотек-253, МАНУ -185, Жан Митрев (Филип Втори)-294, Систина со PCR метода -349, лабораторија Лаор –79, Судска медицина-8, ЦЈЗ Битола-62, Инфективна клиника-11,  ГАК-18, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 149.934 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

„На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 74 пациенти. На кислородна поддршка се 46, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 позитивни деца, 3 мајки и 4 деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 115 , позитивни и сомнителни на ковид-19“, наведуваат од Министерството за здравство.