Едно лице починало при сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола

Синоќа во 23,50 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, се случила сообраќајна незгода помеѓу ТМВ „Мерцедес 813“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Н.(41) од с.Крушопек, скопско и ПМВ „Даеву Нексија“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на лице од с. Радолишта, а управувано од засега неидентификувано лице кое  починало на лице место.

Се работи на утврдување на идентитето на починатото лице.