Едно лице рането во пукање во Кочани

Едно лице е рането во инцидент кој во петокот попладнето се случил во угостителски објект во Кочани, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

По претходна расправија меѓу две групи, денеска околу 17:15 часот во угостителскиот објект „Аква“ во Кочани Д.С. пукал кон Д.З. и му нанел прострелна рана во слабината, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Д.З, кој според локалните портали бил пријател со Д.С кој по куса караница во рестонот пукал и го ранил во слабината, е транспортиран во скопските клиники и според првичните и неофицијални информации е во тешка, но стабилна состојба.

МВР информира дека се преземаат мерки за расчистување на настанот

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.