Едно лице тешко повредено во судар на автобус и автомобил во Скопје

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа во понеделникот доцна попладнето во  којашто се инволвирани автобус на градското јавно сообраќајно претпријатие на Скопје и приватен автомобил

Вчера во 18,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Кузман Шапкарев“ со улицата „Борис Сарафов“, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус „Јутонг“ со скопски регистерски таблици управуван од 47-годишниот Г.Н. од Скопје и патничко моторно возило “Фолксваген пасат“ со скопски регистерски таблици управувано од 42-годишниот Р.Р. дод селото Колари, кичевско.

Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото 40-годишниот М.Ј. од кичевското село Зајасо, а со телесни повреди се здобил возачот Р.Р. на кои им била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на настанот излегле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.