Едно лице убиено и повеќе ранети во напад на колеџ во Финска

Едно лице е убиено а уште девет се ранети во насилство во колеџ кој бил сместен во трговски центар во Куопио, град на истокот од Финска, пренесува во вторникот порталот yle.fi, повикувајќи се на полицијата.

Полицијата соопштила дека најмалки едно лице загинало, а десетмина други, меѓу кои и осомниечниот, се повредени во насилниот ицидент во колеџот во трговскиот центар „Herman“ во Куопио. Двајца од настраданите се сериозно повредени, се наведува во соопштението на Twitter профилот на полицијата на источна Финска.

Полицијата не објавила каков вид оружје користел напаѓачот, но полициски извори за порталот рекле дека станува збор за сечило, со кое осомниечниот го предизивкал инцидентот во просториите на колеџот „Savo Vocational College“, кој како и трговскиот центар биле целосно испразнети.

Од универзитетската болница во Куопио околу 14 часот по локално време им било кажано да бидат подготват да се справат со голем инцидент, се додава во медиумскиот извештај.

Куопио се наоѓа околу 330 километри северно од финската престолнина Хелсинки.