12.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

Едно лице загина, друго е тешко повредено во страшна сообраќајка кај Струмица

Рано изутринава се случи тешка сообраќајка во близина на с.Радичево, во која животот го загуби едно лице. Во сообраќајката учествувале „Шаран“ и „Даф“.

Во 5 часот со едно против пожарно возило и 6 пожарникари, ТППЕ Струмица учествуваше во техничка интервенција.

Беа употребени хидраулични алатки за вадење на истите од возилото, пренесува порталот Струмица Денес.