Едно лице загина во тешка сообраќајка на патот Јосифово-Удово

Едно лице го загуби животот, а три се повредени во тешка сообраќајна несреќа која рано утринава се случила на регионалниот пат с.Јосифово-с.Удово, на место викано „Расадник“.

Од МВР информираат дека во 03:30 часот полицијата добила пријава за случена несреќа во која учествувале „Ауди“, со валандовски регистарски ознаки, управувано од Т.Г.(33) од с.Удово и „Рено меган“, со валандовски регистарски ознаки, управувано од З.М.(43) од с.Удово.

-На местото на незгодата починал Т.Г., додека З.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Сопатниците во возилото „ауди“, С.П.(23) и И.Н.(23), двајцата од с.Удово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Струмица, велат од полицијата.

Увид на местото извршиле екипа на СВР Струмица и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.