Едно од децата под засилен медицински мониторинг

Сите четири деца кои се извлечени досега од пештерата од Там Луанг се добро, но здравствената состојба на едното од нив е под засилен мониторинг.

Според спасувачите, акцијата се одвива во најдобар момент бидејќи во делови од пештерата било намалено нивото на водата, па тоа им овозможило да се движат побрзо од планираното.

Водачот на операцијата, Наронгсак Осотанакорн на прес конференциј рече дека децата поминала под водата патувајќи еден километар. Сега има  прекин бидејќи спасувачите им треба десет аса за да се подготват за следната фаза од акцијата. Планирано е децата да се вадат во две групи од по четири, па по три деца заедно со тренерот.

Акцијата почна утринава во 5 часот по средноевропско време кога 18 нуркачи влегоа во пештрата да ги извлечат децата. Проценките се дека извлекувањето че трае два дена ако се биде како пто треба.