Во време на финансиска неизвесност и дополнителни трошоци за родителите, Општина Аеродром реализира уште една мерка со која директно се помага на семејниот буџет и ги мотивира најмладите за успешен почеток на учебната година.
Продолжува успешно воспоставената практика и во тек е пријавувањето за доделување еднократна парична помош во износ од 3500 денари, наменета за секое запишано прваче во училиштата на територија на Општина Аеродром.
Рокот за пријавување трае до 29 септември, а родителите на првачињата можат да ги преземат документите на линкот http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari или директно во просториите на Општината