Советот на општина Кавадарци донесе одлука со која од локалниот Буџет се издвојуваат 30 илјади денари за две семејства од Ваташа, чии куќи беа оштетени од свлечиште.
– Станува збор за две семејства од кавадаречкото село Ваташа на кои свлечиште им направи штети во домот. Ова е еднократна парична помош за нив, информира денеска Зоран Јованчев, претседател на општинската комисија за финансии.
Неодамна градоначалникот на Кавадарци Александар Панов најави и санирање на околниот терен, кој се заканува да наштети на околината, со цел да се дејствува превентивно против свлечиштето.