Еднoмесечен притвор за дилер на дрога од Битола

30

Основното јавно обвинителство Битола отвори истражна постапка против битолчанец за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти обвинителството во домот на осомничениот во Битола на 14.11.2020 година, од страна на СВР Битола била пронајдена поголема количина на наркотична дрога – 4233 таблети МДМА-екстази, 3473,4 гр амфетамин и 1631,4 грама марихуана, како и поголемо количество парични средства – околу 2500 евра и 200.000 денари.

Со отворање на истражната постапка, јавниот обвинител до Основниот суд Битола достави и предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице со цел непречено одвивање на кривичната постапка. Судот со решение го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.