Едноставна работа што ќе ве направи подобри во сексот

Да се биде добар во кревет не значи да се има многу искуство или да се изведуваат чудни пози…

Што е тоа што некого го прави добар во кревет? Тоа е субјективно.

Секој сака да биде допиран на различен начин, секое тело е различно, секој очекува различни работи од партнерот и поради тоа не постои едно правило.

Сепак кога се коментира на оваа тема и се прават анкети, како онаа на магазинот Cosmopolitan со речиси 4.000 испитаници повеќето луѓе се согласуваат со едно нешто – во кревет најважен е ентузијазмот.

Тие велат дека за време на сексот најважната работа е да знаете дека партнерот навистина го сака тоа. Всушност, толку е едноставно. За да бидете добри во сексот, треба да имате секс со личност со која навистина сакате да имате.

Да се биде добар во кревет не значи да се има многу искуство или да се изведуваат чудни пози, туку едноставно да сакате да бидете таму и да го правите тоа.

Кога има природни реакции, шепотење на уво, покажување на љубов и страст, тогаш тоа е секс за паметење.