ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денескa 73,07 евра за мегават час, на МЕМО 76,66 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 26 мај просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 73,07 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 76,66евра/mwh
Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) на HUPX постигна ниво 53,57 евра за мегават час, а на MEMO 62,85 евра.
Просечната цена на електричната енергија во текот на месец мај до сега, (baseload till date) на HUPX изнесува 93,39 евра за мегават час, додека просечната цена за мај на МЕМО берзата изнесува 86,36 евра за мега ват час.
Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.
Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.