ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денескa изнесува 79,92 евра за мгвч., на МЕМО 73,82 евра за мгвч.

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 2 јуни просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 79,92 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 73,82 евра/mwh
Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) на HUPX постигна ниво 68,02 евра за мегават час, а на MEMO 62,63 евра.
Просечната цена на електричната енергија во текот на месец јуни до сега, (baseload till date) на HUPX изнесува 78,06 евра за мегават час, додека просечната цена за мај на МЕМО берзата изнесува 76,60 евра за мега ват час.
Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.
Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.