ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата во јануари досега 132,20 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 13 јануари просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 162,02 евра/mwh.

Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) постигна ниво од 190,76 евра за мегават час.

Просечната цена на електричната енергија во текот на месец јануари до сега, (baseload till date) изнесува 137,20 евра за мегават час, што е за околу 123 евра пониска од цената по која што електрична енергија се тргуваше во текот на декември.

Инаку, интересно е дека на првиот ден од 2023 година цената на електричната енергија на HUPX берзата во петтиот и седмиот час беше негативна, односно берзата плаќање за енергијата поради малата побарувачка за струја.

Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за разумното и рационално трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.