ЕДС нема земено ниту еден денар од УЈП по основ на наплата на каков било долг во однос на ФЕНИ

ЕДС категорично ги демантира неточните информации на ТВ Алфа во врска со наплатата на долгот од ФЕНИ Индустри. ЕДС нема земено ниту еден денар од УЈП по основ на наплата на каков било долг во однос на ФЕНИ. Договорот на кој се повикува ТВ Алфа е договор кој е склучен на 24.08.2017 пред надлежен нотар и истиот потоа е уредно регистриран на 29.08.2017.

ЕДС никогаш не ја реализира наплата во споменуваниот договор и не се пријави во редот на разлачни доверители во предстечајната постапка на ФЕНИ Индустри. Ние како компанија, во стечајната постапка се пријавивме како секој обичен доверител и бевме третирани како и сите останати обични доверители.

Поради изнесените лаги и неосновани наводи, дадени во прилогот и во изјавата на г-ѓата Слаѓана Тасева, ЕДС ќе биде приморана да ги преземе сите правни механизми вклучувајќи и судска заштита во насока на зачувување на угледот и честа на компанијата.