Едукација на тема “Недела на борба против трговија со луѓе” во Берово

берово

Пред учениците со едукативен краток филм од страна на вработен во МВР,  беше презнтирано и предочено до учениците, одблиску да се запознаат со конкретната тема и особеното значење, како и за  несаканите последици кои несмеат да се дозволат. Со едукакација, превентивно да се пристапи кон младите, да се разговор, да се делува и објасни за можните негативни појави кои ги засегаат младите во општеството.

Воедно, учениците преку прашања остварија интерактивна комуникација на самото предавање, што значи заинтересираност и потврда за  потреба од  понатамошни предавања во организација на општинската организација на Црвен Крст со останатите институции во општина Берово и општина Пехчево.

berovo-crven-policija1

Изминатиот период Црвен Крст на Берово преку своите активни  волонтери зема учество во низа на хуманитарни и превентивни активности во интерес на граѓаните и подигнување на свеста помеѓу младите.