„Ефектот Меси“ – цените на билетите на Интер Мајами летнаа до плафон

Лионел Меси го шокираше фудбалскиот свет со веста дека ќе прејде во Интер Мајами, што веднаш се одрази на пазарот на билети.

Аргентинецот би можел да дебитира за клубот на 21 јули на натпреварот против мексиканскиот Круз Азул, натпревар за кој веднаш дојде до огромно зголемување на цените на билетите. Најевтините билети за тој натпревар, кои порано се продаваа за 29 долари, сега ќе чинат повеќе од 300 долари.

Билетите за натпреварот на Интер Мајами на 26 август против Њујорк Ред Булс, кој ќе биде негов прв натпревар во МЛС, поскапеа од 30 на 401 долар.

Билетите на натпреварот за 3 септември против Лос Анџелес поскапеа од 81 на 422 долари по одлуката на Аргентинецот.

И цените продолжуваат да растат. „Форбс“ објави вкупно 1.000% зголемување на цените на билетите за Интер Мајами во часовите по објавувањето на вестите за Меси, додавајќи дека просечната цена на билетите за домашните натпревари на клубот скокнала за 515%, од 152 долари на почетокот на сезоната на 935 долари.

Сезонските билети на Интер Мајами за оваа сезона се веќе распродадени, но сезонските билети за 2024 година може да се резервираат со неповратен депозит од 200 долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.