Ефикасноста на „Спутник V“ достигнува над 97 отсто

Ефикасноста на руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ според резултатите од податоците од 3,8 милиони вакцинирани Руси изнесува 97,6 отсто, соопшти во понеделникот еден од учесниците во создавањето на овој препарат против Covid-19, Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ).

„Наичниот-истражувачки институт Н.Ф. Гамалеја и РФПИ објавиваат за ефикасноста на вакцината ‘Спутник V’ на ниво од 97,6 осто, според резултатите од анализата на податоците за ициденцата за заразеност со короавирусот меѓу Русите, вакцинирани со двете компоненти на лекарството“, се истакнува во соопштението.

Според податоците за вакцинацијата, од досега 3,8 милиони Руси кои биле целосно вакцинирани со двете дози во периодот од 5-ти декември 2020 до 31-ви март 2021 година, инциденцата од 35-от ден од датумот на првото аплицирање на вакцината изнесувала само 0,027 отсто.

„Истовремено, инциденцата кај навакцинираната возрасна популација за споредливиот период од 35-от ден по започнувањето на масовната имунизација на населението изнесувала 1,1 отсто“, се укажува во соопштението.

Од РФПИ истакнуваат дека податоците и пресметките за ефекисноста на вакцината „Спутник V“ ќе бидат предадени за рецензија во научно референтно списание во мај годинава.

Според овие податоци, „Спутник V“ која досега важеше за третата според ефикасноста вакцина против коронавирусот во светот, станува најефикасната. За „Moderna“ ова ниво на ефикасност изнесува 94,1, додека за „Pfizer/BioNTech“ првични ефикасноста беше 95,0 отсто, но на почетокот од април произведувачот објави дека опаднала на 91,3 отсто.

Вакцината „Спутник V“ е регистрирана во 60 земји во светот со вкупно население од околу 3 милијарди луѓе, со што е втората вакцина против коронавирусот според одобренијата добиени од националните регулатори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.