Ефтимов: СДСМ поради лажни ветувања од Штип треба да си оди и тоа со првиот превоз, а тоа се брзите локални избори

17

Како и другите лаги, така се обелодени и лагата за ефикасен јавен превоз. СДСМ ветуваше, но како и се друго така и јавниот превоз остана неисполнета желба на прелажаните граѓани, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнува Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.

-Меѓутоа кога веќе сме на нови локални избори и кога граѓаните бараат отчет за сработеното за овие три години, локалната самоуправа е должна да одговори. Кога се стави во функција јавниот превоз на патници во Општината Штип? Дали кога замина Бочварски, замина и ветувањето за општински линински превоз? Со кој образ оваа локална самоуправа ќе се појави пред излажаните гласачи во населбите Баби, Три Чешми, Железничка, Балканска и другите оддалечени места? Дали и на овие избори, СДСМ повторно ќе бара гласови со лажни ветувања, кои, ете гледаме дека не се способни да ги исполнат?, прашува Ефтимов.

Тој додава дека кои и да се одговорите на овие прашања, јасно е дека ниту се среди сообраќајниот хаос, ниту се изградија катни гаражи, а најмалку се обезбеди евтин и еколошки превоз за граѓаните и студентите.
Оваа локална власт треба да има одговорност за измама. Време е да си оди и тоа со првиот превоз, а тоа се брзите локални избори!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.