Ефтов: Опозицијата не сака да оди на избори бидејќи нема посакувана сила на теренот

131

Во Македонија немаме проруска власт и американска опозиција или обратно како што беше случајот во Украина. Кај нас имаме и проамериканска власт и проамериканска опозиција. Значи ниту Груевски е Јанукович, а ниту Заев е Јулија Тимошенко, пишува новинарот Васко Ефтов на својот ФБ профил.

Тој вели дека во таква ситуација, Ефтов коментира дека поделба на државата на два дела е можна само по етничка ( македонско-албанска ), а не македонско- проруска и македонско- проамериканска основа.

-Кога на теренот имате две проамерикански структури (како што беше случајот во Турција на пример) тогаш е важно кој го контролира теренот. Односно, дали опозицијата ќе биде власт или власта ќе си остане власт зависи само од една работа-кој повеќе го контролира теренот. Затоа на Груевски му беше важно да има „успешна“ акција во Куманово и да има поголем митинг од митингот на СДСМ. И затоа на Заев и на опозицијата им беше важно да имаат успешен референдум во Центар и да имаат големи протести поврзани со бомбите. Кога Груевски покажа поголема сила на терен (со анкети за мерење на рејтингот и преку „ефективно“ практицирање на власта ) му беше лесно да влезе во пазарење со Американците: Се откажа од Турскиот Тек и смени тројца од петмината свои најблиски соработници. За да може да парира на тоа на Заев му се потребни политички и етнички конфликти во Македонија. И тоа е суштината на целиот проблем. Затоа власта сака да оди на избори за да ја ефектуира својата предност во контролата на теренот, а опозицијата не сака да оди на избори бидејќи нема посакувана сила на теренот, пишува Ефтов.

Според него, во такви услови опозицијата ќе мора ( по секоја цена ) да игра на етничката или на верската карта.

– Ако ја прифатиме тезата дека кризата во Македонија треба да биде решена до почетокот на летото, тогаш е јасно дека пред опозицијата стојат на располагање најмногу две недели, бидејќи потоа доаѓаат рамазанските пости кога меѓуетничката или меѓуверската агенда ќе мора да ја стават ад-акта, додава Ефтов.

eftovs

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.