Ефтов: „Пуч“ треба да има судска, па политичка разрешница

Треба да има судска, па политичка разрешница на случајот со прислушкувањето, вели новинарот Васко Ефтов при гостувањето во дебатната емисија на Канал 5 телевизија.

– Афера со прислушување сама по себе е голема афера. Неминовно е да има политичка и судска разраешница. Ќе дојде до делење на судскиот процес на два дела, обвинителството ќе мора да го подели на два дела. Тоа е сплетот на околности, судска, па политичка разврска, вели Ефтов.

Ефтов нагласува дека истрагата ќе покаже која е врската помеѓу Зоран Заев и Зоран Верушевски.

-Мислам дека ќе се оди на еден сосема транспарентен судски процес, бидејќи власта тоа го сака. Тоа значи дека ги имаат доказите на располагање, вели Ефтов.