Египќаните задоволни од работата на градоначалникот на Охрид

НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ е задоволна од работата на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков

-Особено, припадниците на етничката заедница Египќани, како втора по бројност етничка заедница во Охрид, има посебни аргументи  да изрази благодарност  и задоволство на Пецаков, бидејки  се реализира  процесот на интеграција на Египќаните во институциите на системот, преку учество на Египќаните во Управните и Надзорните одбори, а со самото тоа и да бидат  учесници во процесот на одлучување. Градоначалникот на Охрид, несомнено створи и работи за сите Охриѓани, и покрај тоа што наследи општина со огромни долгови и Јавни претпријатија, исто така со огромни долгови од страна на предходната власт. Неговите дела во овој период од 1 година, не ги гледаат само оние кои тоа не сакаат да го гледаат, а во реалноста постојат и делата говорат за посветеноста и работата на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, истакна лидерот на Египќаните, Демир Далип.