Министерството за внатрешни работи на Египет изјави дека за проектот за новиот Устав на земјата гласале 95 отсто од избирачите кои излегле на гласање на референдумот, пренесува „Би-Би-Си“.
Официјалните резултати на референдумот ќе бидат објавени 72 часа по затворањето на избирачките места.
Поддржувачите на поранешниот претседател на Египет, Мохамед Морси, „Муслиманските браќа“ се обидувале да го бојкотираат гласањето.