Египет: Денеска ќе бидат објавени резултатите од референдумот за новиот Устав на земјата

54

Египетските власти се очекува денеска да ги објават резултатите од референдумот за Уставот, што привремената Влада го поздрави како знак за одобрување на отстранувањето од власт на претседателот исламист Мохамед Морси, пренесе „АФП“.

Прелиминарните резултати покажуваат дека референдумот, одржан во вторникот и средата, е донесен со огромно мнозинство.

Во меѓувреме приврзаниците на „Муслиманските браќа“ ветија нови протести. Вчера симпатизери на исламистите се судрија со полицијата, при што загинаа три лица .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.