Египет домаќин на арапските воени вежби кои може да станат „арапски НАТО“

Воените сили и набљудувачи од осум арапски земји се собираат во Египет, каде што од саботата ќе се одржат воени вежбни, соопшти во средата египетската армија, осврнувајќи се на потегот кој би можел да прерасне во регионален сојуз на сунитските земји против влијанието на шиитски Иран во регионот, што го поттикнува Западот.

САД тивко ги поттикнуваат земјите од Персискиот залив, како и Египет и Јордан, да соработуваат што некои функционери на Белата куќа го нарекоа „арапски НАТО“ на сунитските муслимански сојзуници, спротиставени на шиитскиот Иран. Коалицијата на арапските и другите сунитски земји, којашто ја предводи Саудиска Арабија, е ангажирана во војната во Јемен со воздушни удари против Хутите, шиитско племе кое е поддржано од Иран и кое го контролира поголемиот дел од северот на земјата, вклучително и главниот град Сана.

Во објавата на Facebook во средата, портпаролот на египетската армија наведе дека воздухопловни, копнени, поморски и специјални сили од Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Кувајт, Бахреин и Јордан пристигнуваат во Египет поради одржувањето на воените маневри „Штитот на Арапите 1“, кои ќе се одржуваат меѓу 3-ти и 16-ти ноември. Набљудивачи од Либан и Мароко, исто така, ќе присуствуваат на воените вежби, наведува полковникот Тамер ал-Рефаи, портпаролот на египетската војска која неодамна одржа комбинирана воена вежба со руските сили.

Рафаи истканува и дека вежбите се дел од напорите на Египет со коишто се сака да се унапреди воената соработка со другите арапски земи, но одбил за медиумиет да каже дали таа соработка ќе прерасне во некој вид воен сојуз.

Катар и Оман, сунитски арапски земји од регионот но коишто се во судир со Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин и Египет под влијание на Вашингтон, нема да учествуваат на овие воени вежби.

Белата куќа уште во јули потврди дека веќе неколку месеци работа на создавањет сојузништво меѓу своите регионални партнери на Блискиот исток. Американски воени зивори тогаш изјавија дека саудуските функционери предложиле идеја за формирање безбедносен систе, пред американскиот претседател Доналд Трамп да ја постери монархијата минатата годијна, кога најави големи договори за продажба на оружје. За споменатата идеја за некој вид сојуз тогаш не станало збор.