Египет и Грција потпишаа поморска спогодба, за противтежа на Либија и Турција

Египет и Грција вера потпишаа поморска спогодба со која е утврдена морската граница помеѓу тие две земји и е дефинирана екслузивна економска зона за правата на потрага по нафта и гас.

Договорот е сличен на спогодбата од лани меѓу Турција и владата на Либија со седиште во Триполи, која предизика напнатост во регионот на источниот Медитеран. Спогодбата меѓу Турција и Либија ја отфрлија Египет, Кипар и Грција како кршење на економските права во подморјето за кое се верува дека е богато со нафта.

Грција и Турција со децении се во судир во врска со морските граници,  а неодамншените откритија на природен гас и плановите за дупчење низ источниот Медитеран го продлабочија спорот.

„Оваа спогодба и’ овозможува на Египет и на Грциа да напредувааат максимално зголемувајќи ја својата полза од ресурсите што се достапни во оваа екслузивна воена зона – надежните залихи на нафта и гас“, изјави по вчерашната церемонија во Каиро египетскиот минстер за надворешни работи Самех Шукри.

Минатиот месец грчката влада беше вознемирена од планот на Турција да продолжи со потрагата по нафта и гас јужно од грчките острови на истокот на Медитеранот, па дојде и до масовно раздвижување а вооружените сили на двете страни.