Египет по четири години ја укинува вонредната состојба

Египетскиот претседател, поранешен челник на влијателниот воен совет, Абдел Фатах ал-Сиси, објави укинување на вонредната состојба воведена во земјата пред четири години по бранот смртоносни џихадистички напади врз црквите на големата коптска христијанска заедница и бунтот на екстремните исламисти на Суецкиот полуостров.

„Благодарејќи на своите големи и лојални луѓе, Египет стана оаза на безбедноста и стабилноста во регионот. Порадти тоа донесов одлука да не ја продолжувам вонредната состојба во целата земја“, објави ал-Сиси на својата официјална фејсбук страница.

Вонредната состојба беше воведена на целата територија на Египет во април 2017 година, по крвавите напади врз коптските црвки, над десетмилионска и најголема христијанска заедница на Блискиот исток во северните градови Танта и Александрија, за коишто одговорноста ги преземаа екстремните исламисти, приврзаници на поранешниот претседател Мохамед Морси кој во 2011 година дојде на власт во текот на ткн Арапска пролет со која беше соборен деценискиот претседател Хосни Мубарак.

Во 2012 година, Морси беше избран за првиот претседател – исламист во дотогаш секуларниот Египет. Во јули 2013 година, тој беше оттранет од власта во еден „бескрвен пуч“ на египетската армија предводена токму од ал-Сиси, откако неколку месеци траеја масовните и крвави протести на секуларистите и либеланите групи во Каиро и низ земјата, против политиката на исламизација што ја наметнаа Морси и Муслиманското братство, кое доминираше во тогашната нова власт.

На Синајскиот полуостров вонредната состојба бепе воведена во 2014 година поради исламистичкиот бунт кој го предводи групација која изрази лојалност на Исламската држава. Египетската војска и полиција од февраури 2018 година спроведуваат голема антитерористија операција на Синај, но и во некои делови од западната пустина, меѓу долината на Нил и границата со Либија.

Вонредната состојба значително ги проширува овластувањата на полицијата во однос на апсења, надзор и можност за ограничување на движењето, а во некои области беше воведен и полициски час.