Египет: Убиени пет полицајци

Маскирани напаѓачи утрово од огнено оружје убиле петмина полицајци на една контролна точка во јужниот дел на Египет, соопштиле египетските власти.

Нападот, во кој се ранети двајца полицајци, се случил рано утрово кога напаѓачите отвориле оган од мотоцикл во движење.

Во Египет во периодот по симнување од власт на исламистичкиот претседател Мохамед Морси, во јули минатата година, значајно се зголеми бројот на напади од возила во движење на полицајците и војниците.