Египетските сили ликвидирале 16 исламисти на Синај

Најмалку 16 исламистички милитанти се убиени во размена на оган со египетската полиција во североисточниот град ал-Ариш на Северен Синај, каде што Египет ја започна голема безбедносна акција против исламистичките екстремисти минатата година.

Одделот за национална безбедност следел „две терористички ќелии, кои планирале повеќе терористички напади против витална инфраструктура и личноси во градот ал-Ариш“, се наведува во соопштението на министерството за надворешни работи на Египет.

Десет милитанти биле убиени кога безбедносните сили извеле рација во засолниште на една од ќелиите, а шестмина други се убиени во размена на огнот со полицијата која извела рација во засолниште на другат ќелија.

Полицијата запленила оружје, муниција, бомби и експлозивни елеци, се додава во соопштението, без појаснување дали имало жртви меѓу безбедносните сили.