Егзит продава билети со биткоин

Фестивалот Егзит ѝ се придружува на глобалната крипто револуција како прв голем фестивал на светот кој овозможи купување влезници преку биткоин, планетарно познатиот дигитален систем на плаќање.

Фестивалот денеска објави дека ќе биде овозможено купување билети преку биткоин. Оваа иновација во бизнисот ќе ја направи уште попосебна прославата на 20-годишнината од фестивалот, што ќе ја одбележат големи светски имиња како Дејвид Гета, диџеј Снејк, Тајга, Асаф Авидан, Борис Брејча, Соломон, Сабатон и многу други.

Имајќи предвид дека плаќањето со биткоини не е регулирано со законите на Србија, нема да може да се плаќа во барови и други продажни места во рамките на фестивалот, туку се додава исклучиво преку Интернет купување ВИП влезници преку меѓународниот партнер на Егзит Нетпозитив.