ЕХФ ќе го исфрли Вардар од Лигата на шампиони?!

Европската ракометна федерација ќе го исфрли Вардар од Лигата на шампиони, оваа информација утрово ја пренесе „Балкан хендбол”.

Специјализираниот портал за ракомет, „Балкан хендбол“ објави дека шампионот на Македонија, Вардар нема да биде дел од новата сезона во Лигата на шампиони.

Извори од ЕХФ им потврдиле дека „црвено-црните“ ќе бидат исфрлени од најелитното натпреварување поради лошата финансиска состојба.

Се очекува Европската ракометна федерација официјално да ја потврди оваа одлука до крајот на неделата.

Вардар и минатото лето се соочуваше со неизвеснот, па првиот човек на клубот, Михајло Михајловиски мораше да обезбеди финансиска гаранција за „црвено-црните“ да бидат дел од Лигата на шампиони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.