ЕХФ ги суспендира руските и белоруските екипи

По препорака од Интернационалниот олимписки комитет, спортските федерации почнаа да ја суспендираат Русија од натпреварувањата.

ЕХФ покрај Русија ја суспендираше и Белорусија.

„Репрезентациите на Русија и Белорусија, како и клубовите кои се натпреваруваат во ЕХФ се суспендирани. Оваа одлука останува на сила до следното соопштение. Судиите од овие држави нема да бидат номинирани за следните натпревари додека не се реши проблемот. Нови организатори ќе бидат избрани за Европското првенство во ракомет на плажа, кое требаше да се одржи во Москва“, соопштија од ЕХФ.

Вардар на 2. март требаше да игра против белорускиот тим, Мешков Брест но дуелот беше одложен поради актуелната ситуација во Украина. По денешното соопштение јасно е дека овој дуел нема ни да се одигра.