ЕХФ направи видео запис од пречекот на шампионите во Скопје

Иако европската ракометна асоцијација ЕХФ на стартот на сезоната во Лигата на шампионите не му даде речиси никаква шанса на македонскиот тим да се најде во четирите најдобри екипи, сепак како минуваа деновите, фазите… размислувањето го промени.

Ракометарите на Вардар во понеделникот ноќта се вратија од Келн во Скопје, а ЕХФ направи видео колаж од 60 секунди од пославата на плоштадот Македонија во главниот град и напиша: „About last night in Skopje“…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.