ЕХФ покрена постапка против Самсоненко

124

Европската ракометна федерација (ЕХФ) покрена постапка во Судот на оваа ракометна институција против претседателот на РК Вардар, Сергеј Самсоненко поради навредливи изјави во медиумите.
Постапката е поведена поради изјавите на Самсоненко за време на прес-конференцијата по реванш натпреварот од четвртфиналето во ЛШ против Фленсбург.

„За време на прес-конференцијата која се одржа во Скопје на 26.април, Самсоненко под знак прашање ја постави независноста и непристрасноста на судиите во ЕХФ. По испитувањето на комплетниот случај и комплетната документација испратени од предлагачот на постапката, претседателот на Судот на ЕХФ го прифати барањето за покренување постапка согласно правните регулативи на ЕХФ“, се вели во информацијата од оваа организација.

Од Сергеј Самсоненко, ЕХФ сега бара да достави изјави за целиот случај најдоцна до 19. мај.
Ваквиот развој на настаните би можеле да му наштетат на клубот, кој најверојатно ќе ја загуби титулата во домашното првенство и ќе мора да чека вајлд карта за настап во квалификации за настап во Лигата на шампионите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.